Skip to the article content

Македонски (Macedonian)


The National Broadband Network

Мрежата nbn™ е возбудливата нова и подобрена австралиска мрежа за фиксна телефонија и за интернет. Во тек е нејзиното воведување ширум цела Австралија, а нејзината цел е на сите луѓе да им овозможи пристап до брз интернет без оглед на тоа каде живеат.*

nbn co limited (nbn) е државно деловно тело, тоа е тимот што стои зад воведувањето на мрежата nbn™. Ние сме одговорни за вршење на големопродажни услуги за телефонските и интернет компании со кои вие работите во секојдневниот живот. Како тело што се занимава со големопродажба, ние не можеме да им продаваме директно на крајните корисници. Тоа значи дека ако сакате да се префрлите на мрежата nbn™, ќе треба да се јавите кај давателот на телефонски или интернет услуги што го претпочитате и да изберете нов план што им одговара на вашите потреби. 







Преведувачки услуги

Ако ви се потребни преведени информации, ве молиме јавете се во преведувачката служба (TIS National) на 131 450 и замолете ги да ве поврзат со контактниот центар на nbn™ на 1800 687 626.



Како да се префрлите на мрежата nbn

Може да дознаете кога ќе биде расположива мрежата nbn во вашето подрачје преку проверка на вашата адреса или ако ни се јавите преку националната преведувачка служба.

Исто така ќе добиете и писмо по пошта со кое ќе бидете известени дека може да се поврзете на мрежата nbn™ штом ќе стане таа достапна на вашата адреса.

Штом мрежата nbn™ ќе стане расположива за вашиот дом или бизнис, ќе треба да се јавите кај давателот на телефонски или интернет услуги што го претпочитате.

Вашиот давател на услуги ќе ви помогне:

  • Да изберете план што им одговара на вашите потреби
  • Да договорите поставување на опремата што доаѓа заедно со мрежата nbn
  • Ќе ви дава поддршка откако ќе се поврзете на мрежата nbn
Направи за медицинско тревожење, надгледувани направи за тревожење во случај на пожар или телефони за итни случаи во лифтови

Ако имате направа што е од клучна важност за вашата безбедност, како што се направите за медицинско тревожење, направите за тревожење во случај на пожар или телефоните за итни случаи во лифтовите, кои треба да работат и кога ќе снема струја, ви препорачуваме, за секој случај, да имате и некоја друга направа за комуникација, како што e наполнет мобилен телефон. Исто така од основна важност е и да поразговарате со вашиот давател на услуги уште денес за да дознаете дали направите што ги имате ќе работат ако снема струја – исто така може да проверите и во нашиот водач за соодветност на направи.

Контакти во итен случај

Во итен случај, кога ви е потребна брза помош, полиција или противпожарна служба, јавете се на 000. Службеникот за поддршка во итен случај ќе се јави во преведувчката служба TIS National и ќе ве поврзе со преведувач користејќи повластена телефонска линија што работи 24 часа. 



* Вашето искуство, вклучувајќи ги и брзините што навистина ќе се постигнуваат преку мрежата nbn™, ќе зависи од технологијата преку која се испорачуваат услугите до вашиот објект и од некои чинители надвор од нашата контрола (како што се квалитетот на вашата опрема, софтверот, приемот на сигналот, широкопојасните планови и начинот на кој вашиот давател на услуги ја има осмислено својата мрежа).



Learn about your nbn connection status and more